Порталот „Hollywood Life“, објави дека најпознатата холивудска двојка, Бред Пит и Анџелина Џоли, се наоѓа пред развод и тоа на иницијатива на Бред Пит.
Инаку оваа двојка чија врска трае десет години, минатата година во август со брак ја круниса својата врска.
Спорет порталот проблемите помеѓу славната актерска двојка започнале уште на снимањето на филмот „By The Sea“, а кулминирале по склучувањето на бракот.
„Тој (Бред Пит) повеќе не може да го поднесе фактот кој најмногу го сакаше на почетокот на нивната врска, а тоа е таа (Анџелина Џоли) опсесивно да го контролира. Не може повеќе да поднесе таа во толкава мерка да го контролира неговиот живот“, изјавил за порталот близок пријател на актерот.
Бред Пит и Анџелина Џоли се венчаа минатата година на интимна церемонија во Франција, заедно имаа шест деца, од кои три се биолошки, а три посвоени.