Брајан Остин Грин бара алиментација од Меган Фокс

Од:

Дека времињата дефинитивно се сменети доказ е актерот Брајан Остин Грин.

Имено, ѕвездата на популарната тинејџерска серија „Беверли Хилс“ и неговата сопруга Меган Фокс наскоро треба да ги потпишат документите за развод, а како што ексклузивно дознава ТМЗ, Брајан во нив бара заедничко старателство над нивните два сина Ноа и Боди, но и да добива алиментација од поранешната сопруга.

Брајан и Меган, кои беа заедно десет години, веста за разводот ја објавија минатиот месец.

Според американските таблоиди, иницијативата за развод ја покренала Меган, па затоа 42-годишниот Брајан сега бара „финансиска поддршка“, тврдејќи дека „не е способен за работа, бидејќи страда од вртоглавица“.

Двојката неодамна имаше собраќајна несреќа, при која Брајан се здоби со поврди на главата, кои како што тврди, му предизвикуваат вргоблавица, поради која „некогаш не може да стане ниту од кревет, а камоли да работи“.

Засега не е познато дали актерката, која ја очекуваат повеќе ангажмани во Холивуд, се согласила да му плаќа алиментација на својот поранешен сопруг.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ