Бон Џови отвори центар за помош на гладните во Њу Џерси

Од:

Американскиот рок музичар, Џон Бон Џови отвори Центар за помош на гладните во крајбрежниот град Томс Ривер во американската држава Њу Џерси.

Томс Ривер во 2012 година претрпе огромна штета кога ураганот „Сенди“ го погоди источниот брег на САД.

Бон Џови кој е роден во Њу Џерси. го отвори заедно со членовите на неговата хуманитарна фондација, Центарот насловен B.E.A.T. (Bringing Everyone All Together), каде најсиромашните жители на Томс Ривер ќе можат да добијат храна, медицинска помош и совети за подготвување оброци, а ќе бидат обезбедени и оброци за загрозените деца и стари лица.

Во центарот ќе работи и ресторан на фондацијата на Бон Џови, каде гостите ќе донираат најмалку десет долари или сами ќе си подготвуваат оброци.

Населението и понаму ги чувствува последици од разорнувањата што ги предизвика ураганот, а многумина немаат што да јадат, рече Бон Џови. 

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ