Актерот и комичар Бил Козби е уапсен поради обвиненијата за сексуално злоставување, а го обвинија седум жени.
Неговата сопруга Камила Козби дозна дека мора да сведочи во граѓанскиот спор против нејзиниот сопруг. Сојузниот судија во Масачусетс го офрлил во четвртокот образложението на сопругата на Козби која со него е во брак речиси 52 години и која била и негова менаџерка, дека сведочењето за неа ќе биде „непристоен товар“.
Козби е пуштен на слобода со кауција од милион долари, а неговиот адвокат рекол дека актерот не е виновен и дека нема да се спогодува со обвинителството.