Некогаш мошне популарниот американски комичар Бил Козби, во својата прва јавна реакција околу обвинувањата за сексуално насилство, побара од, како што вели „црните медиуми“ да останат професионални и неутрални, кога станува збор за неговиот случај.
Во разговор за весникот „Њујорк Пост“ 77-годишниот актер јавно и заблагодари на својата сопруга за нејзината „цврстина“ во врска со скандалот, како и за подршката што му ја дава, откако е изложен на обвинувања од петнаесетина, поранешни малолетнички кои тврдат дека биле изложени на „сексуално насилство“ како и дека биле „силувани“.
Козби категорички ги отфрла сите вакви обвинувања, инсистирајќи дека станува збор за „апсолутно измислени“ тврдења. Според него, сите сега возрасни жени го зборуваат тоа за да му извлечат пари.
Неговите адвокати кои и понатаму остро ги отрфрлаат сите обвинувања против Козби,издадоа соопштение во кое го осудуваат „лудилото на медиумите„.
Американските медиуми се полни со „скокотливите“ приказни за Козби и за неговите „недозволиви врски“ со малолетнички, на врвот од неговата слава како актер и комичар. Тој смета дека никој не бара од него да зборува и да ја каже својата верзија за обвнувањата.
Козби досега не е обвинуван, но полицијата во Лос Анџелес покрена истрага, откако Џуди Хат (55) изјави на една телевизиска станица дека во 1974 година, комичарот ја опил, а потоа ја принудил на сексуален однос, во неговиот апартман, кога таа имала 15 години.
Комичарот веднаш поднесе контра-тужба, обвинувајќи ја Хат дека измислува и дека сака само да извлече пари од него.
Редакцијата на „Њујорк пост“ која прва доби можност да зборува со комичарот, објаснува дека телефонскиот разговор Козби наеднаш го прекинал, тврдејќи дека не му даваат да зборува за случајот.