Бен Афлек: Мој прадедо бил сопственик на робови

Од:

Гостувајќи во емисијата „Пронајди ги своите корени“ на американската телевизија Пи-Би-Ес, актерот Бен Афлек признал дека еден од неговите предци бил сопственик на робови на југот на САД, но побарал од продуцентите да не го објавуваат тоа, се тврди во едно од електронските писма што изминатава недела ги објави Викиликс.

– Првпат се случува некој од нашите гости да не замоли да „исечеме“ нешто. Тоа се нема случено никогаш порано. Тој е мегаѕвезда. Што да правиме?, стои во и-мејлот што водителот на емисијата Хенри Луис Гејтс му го испратил на извршниот продуцент на „Сони“, Мајкл Линтон.

Во нивната натамошна преписка Линтон му одговорил дека може да ја „исечат“ спорната содржина, доколку за тоа не знае никој друг, на што Гејтс вели дека такво нешто би претставувало кршење на правилата на Пи-Би-Ес.

– Таквата одлука ќе не посрамоти и ќе го компромитира нашиот интегритет. Ако еднаш и ја отвориме вратата на цензирата, ќе ја загубиме контролата над нашиот бренд, наведува Гејтс во преписката.

Сепак, емисијата е емитувана без делот од изјавата на Афлек каде тој признава дека негов предок бил робовладетел.

По „протекувањето“ на информацијата на Викиликс, Гејтс се обиде да „ја извади ситуацијата“, тврдејќи дека тоа било сторено со цел емисијата „да се насочи на интересните делови од семејното стебло на Афлек“.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ