Речиси сите водечки поп ѕвезди на своите полици имаат парфеми со нивните имиња, а кон оваа група сега се придружува и младата американска пејачка Аријана Гранде.
Аријана, која неодамна се најде на удар на медиумите поради нејзиното арогантно однесување и снимката на која лиже крофна што не планира да ја купи, најави лансирање на својот прв парфем, кој нејзините верни фанови го очекуваат со возбудување.
Портпаролот на 21-годишната Аријана информира дека парфемот ќе биде „сладок и женствен“, токму како и популарната пејчака, а една од главните ноти во него ќе биде мирисот на слез.
Парфемот ќе биде сместен во интересно розево шишенце, а на затворачот ќе има и мало бело топче.
Мирисот ќе се вика едноставно „Ари“, а пејачката веќе отвори и службена интернет страница, каде може да се види промотивното видео за парфемот, во кое Аријана е облечена во стилот на 50-тите години.