На церемонијата на доделување на наградите на 36-тиот Меѓународен филмски фестивал во Палм Спрингс, Анџелина Џоли блесна во црн фустан и сосема нова фризура.
Џоли беше придружувана од нејзината ќерка Захара.
На фестивалот беше наградена за улогата во филмот „Марија“, а на црвениот тепих блесна во елегантно издание.
Таа за свечената пригода избра елегантен црн свилен фустан кој беше собран на горниот дел и имаше панделка која се врзуваше околу вратот. Има и дијамантски обетки како и впечатлив дијамантски прстен.
Нејзината ќерка Захара (19) изгледаше шик во бел фустан од тантела без ракави.
Најголемото изненадување беше новата фризура на актерката која го подмладува и освежува лицето.
Џоли неодамна реши да ја освежи косата со вадење на русокосите прамени, а сега се одлучи за откачена фризура и странични шишки кои и го врамуваат лицето.