Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени на светот и немаше проблем да го покаже своето лице без трошка шминка.
Холивудската актерка е една од ретките дами која се одлучи на ваков чекор. Имено, сопругата на актерот Бред Пит на социјалните мрежи објави фотографија која за кусо време освои над 60.000 лајкови.
Иако е свесна дека им е пример на многу девојки, сакаше да им испрати посебна порака со фотографии на кои нема шминка.
Ова е убав гест на познатата актерка, која како и другите актерки, на обичните луѓе им делува совршено и недопирливо, но таа вели, под шминката е само обична жена.