Српската тенисерка Ана Ивановиќ, како што објави Блиц на својата интернет страница, наскоро ќе стане госпоѓа Швајнштајгер.
Според истиот извор, Ивановиќ на една свеченост во Лондон го покажала својот свршенички прстен.
Тенисерката и фудбалерот на минхенски Баерн, Бастијан Швајнштајгер, се наоѓаат во Лондон каде Ивановиќ од понеделник ќе настапи на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон.
Ивановиќ и Швајнштајгер се во врска од минатата година, тие својата љубов не ја кријат, но и не сакаат да зборуваат за неа.