Според нов извештај на „Дејли мејл“ (Daily Mail), актерката Хејден Панетиер наводно зема апче што содржи фентанил на денот на нејзината смрт.
Омилената актерка почина минатиот месец на 36-годишна возраст во Гринвил, Јужна Каролина.
Според извори на кои се повикува „ТМЗ“ (TMZ), Панетиер наводно зема оксикодон измешан со фентанил. Само неколку зрна од овој моќен опиоид, кој е околу 50 пати посилен од хероинот, можат да предизвикаат фатално предозирање.
Актерката и мајка на едно дете наводно купи неколку лекови на рецепт на црниот пазар – вклучително и оксикодон – од долгогодишен дилер на дрога од Лос Анџелес, пренесува овој портал.
Панетиер и нејзиниот поранешен партнер, агентот за недвижности Брајан Хикерсон – со кого имаа врска со чести прекини и обновувања – отпатуваа од Лос Анџелес во Јужна Каролина (од каде што тој потекнува) еден ден пред нејзината смрт.
Според TMZ, актерката во текот на летото земаше неколку видови лекови што претходно ги купи во Лос Анџелес. Наводно, надлежните веруваат дека апчето што таа го испи утрото кога почина, содржеше фентанил.
Хикерсон ѝ дал „Наркан“ (Narcan) – лек што брзо ги поништува ефектите од предозирање со опиоиди – откако ја пронајде во бесознание.
Полицијата сега се обидува да го утврди потеклото на смртоносното апче и да го пронајде лицето што наводно ѝ го продаде, според извори кои разговараа со TMZ.
Детективите за „Дејли мејл“ потврдија дека интервенираа по добиен повик на бројот за итни случаи 911 од станбена зграда во Гринвил. Повикот беше упатен од познаник на актерката, кој изјави дека Хејден е „во бесознание“.
Во аудиоснимката од повикот, направен во 13:51 часот, операторот ја опишува состојбата на Панетиер како „срцев застој“.
Неколку моменти подоцна, се слуша и машки глас на оператор кој вели дека актерката, според сомневањата, се предозира во станот.
