Американската актерка Хајден Панетијер, која се прослави со улогите во сериите „Херои“ и „Нешвил“, се леккува од постпородилна депресија, објавија таблоидите во САД.
Потпаролката на актерката издаде соопштение во кое се наведува дека 26- годишната Панетијер доброволно се вклучила во програма за лекување на постпородилна депресја и ги повика сите да ја почитуваат нејзината приватност.
Панетијер и нејзиниот вереник, 39-годишниот боксер Владимир Кличко лани во декември ја добија ќерката Каја Евдокија.