Кристина Агилера (33) се породи вчера вечер и на свет донела девојче, а името на малото девојче, гордите родители не сакалe се уште да го откријат.
На Кристина ова и е второ дете, а е прво заедничко кое го има со нејзиниот свршеник – асистент на продукција и гитарист, Мет Рутлер.
Славната двојка се свршила во февруари, а само неколку дена подоцна откриле и дека Кристина е бремена.
Пејачката од бракот со музичкиот продуцент Џордан Братмен го има шестгодишниот син Макс.