Познатата актерка Анџелина Џоли, официјално претставена како Џоли Пит, неделава престојува во Индокина. Од денеска, актерката-амбасадор на добрата волја на ОН е во Мјанмар, каде што имаше средба со претседателот на Парламентот на таа држава.
Пред Мјанмар Анџелина Џоли беше во Камбоџа, каде што, како еден од основачите, ја промовираше иницијативата за запирање на сексуалното насилство.
Џоли најави дека по посетата на Камбоџа завршиле и нејзините размислувања за форматот и содржината на филмот „Тие го убија мојот татко“ во кој таа ќе ја води и режијата. Според најавите од нејзиниот тим, ќе се снима спектакуларна емотивна сторија за настаните во Камбоџа од крајот на минатиот век, кога на таканаречените „полиња на смртта“ загинаа над 1,6 милиони жители на Камбоџа. Актерката како режисер ветува филм кој ќе ја надмине славата на легендарниот филм „полињата на смртта“.