ЗНАМ: Во овие тешки моменти потребна е сплотеност, обединетост и взаемна солидарност на сите нас

Од:

„Во овие тешки моменти на болка и тага Движењето ЗНАМ за наша Македонија изразува длабоко сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани. Нашите мисли и молитви се со оние што ги загубија своите сакани и на семејствата на несреќно загинатите им посакуваме да ја издржат оваа незамислива загуба, а на повредените брзо закрепнување“ соопштија од Движењето ЗНАМ.

Оттаму велат „Во овие тешки моменти потребна е сплотеност, обединетост и взаемна солидарност на сите нас“.

„Ги повикуваме надлежните институции да ја завршат својата работа брзо, ефикасно и праведно. Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистира сите надлежни органи и институции да се вклучат во брзо расчистување на оваа трагедија и сите одговорни и сторители да бидат изведени пред лицето на правдата. Одговорност за сите виновни мора да има! Нека почиваат во мир овие невини млади души“ стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски