ЗНАМ: СДСМ со нападот на Минчев потврдува дека не знае што е државна политика

Од:

Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот… СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција, велат од ЗНАМ.

Од движењето сакаат да ја подучат СДСМ дека „Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не се сопственост на ниту една политичка партија, туку се усогласени со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија“.

„Министерот Минчев со денешната прес конференција покажа дека тој, како министер од редовите на ЗНАМ, како коалициски партнер во Владата на Република Македонија, својата должност кон граѓаните ја извршува максимално одговорно и посветено и нуди решенија кои долгорочно ќе придонесат за подобрување на работата на јавната администрација и квалитетот на услугите што таа треба да им ги испорача на граѓаните. Движење ЗНАМ – За наша Македонија, го потсетува СДСМ дека во изминатите години безгласна буква беше токму тој во владата во која премиерот беше од неговите редови, а всушност владееше ДУИ“ се вели во соопштението.

Посочуваат „СДСМ не беше способно да спроведе ниту една политика, ниту една одлука што не му се допаѓаше на ДУИ. Владеењето на СДСМ ја донесе Македонија на колена, понижена и без достоинство. За се’ мораше да добијат одобрување од нивниот поголем владин партнер ДУИ, односно од Ахмети“.

„Резултатите од изборите покажаа дека граѓаните не сакаат да ги води СДСМ владеано од ДУИ, туку политички субјекти кои пред се’ и над се’ ги имаат интересите на граѓаните, на државата и на македонскиот народ во целина. Нивните самобендисани политики доведоа Македонците да се чувствуваат како гости во сопствената држава и граѓани од втор ред. СДСМ заедно со ДУИ го злоупотребија балансерот до максимум и ја доведоа јавната администрација во незавидна положба во која има луѓе, но нема квалитетни кадри, за што се изјасни и Европската комисија“ е ставот на ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Мециновиќ: Се измислуват функции за да се „ухлебат кадрите на ЗНАМ“

Катерина Ѓуровски

Левица: Вицепремиерот Фетаи се вози на партиски настан со службено возило, ДПМНЕ и ЗНАМ молчат

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ и ЗНАМ скандалозно склучиле формален договор за партиски вработувања тврди Левица

Катерина Ѓуровски

Еден од најголемите соработници на КОС во Југославија, Али Ахмети да не се секира за Македонците порачуваат од ЗНАМ

Катерина Ѓуровски