Значително намален водостојот на Црн Дрим

Од:

Значително намален е водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, покажува неделната хидролошка состојба на УХМР.

Просекот за февруари е 123 сантиметри, а изминатите седум дена нивото се движело меѓу 12 и 20 сантимтери.

УХМР информира дека понизок водостој е измерен и на Пчиња кај Катланово, на Крива Река кај Крива Паланка и на Сатеска кај Ботун.

Во текот на неделата повисоки нивоа од просечните имале реката Врадар кај Велес, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Штип.

Нивото на Охридското Езеро, пак, е еден сантиметар над дозволениот минимум.

Би можело да ве интересира

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он