Жител на велешко Башино Село го скрши рамото, падна од електричен велосипед

Од:

Во СВР Велес вчера во 9:55 часот било пријавено дека на ул. „Раштански пат“ во Велес, 28 годишниот Ј.Д. од Башино Село, велешко, управувајќи електричен велосипед, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата Ј.Д се здобил со тешки телесни повреди, а констатирани во Ургентен центар при ЈЗУ Општа болница Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Како што информираат од ЈЗУ Општа болница Велес, по укажаната лекарска помош и направените рендген снимања кај повредениот била констатирана скршеница на лево рамо. На пациентот му била направена опсервација и потоа бил испратен на понатамошно лекување во Клиниката за ортопедија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он