Б.К. синоќа пријавила дека нејзиниот внук К.Б. (20) од село Батинци бил киднапиран со комбе, а се разбудил на местото викано „Ќупријан“ со повреди.
На околу 50 метри од домот на К.Б. застанало возило, по неговото кажување комбе, од кое излегле неколку лица и му ставиле вреќа на главата, го ставиле во возилото и заминале.
По некое време К.Б. се разбудил повреден и пеш се упатил кон својот дом. Неговата тетка, со која што живеел повикала итна медицинска помош и тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, од каде што бил препратен во Градската општа болница, каде што му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.