Жена остана без 16.592 денари по лажна смс порака за сообраќаен прекршок

Од:

Велешанка (43) пријави во СВР Велес дека е измамена за сума од 16.592 денари, откако доби лажна смс порака за наводен сообраќаен прекршок.

Според информациите од полицијата, на 5 мај 2026 година таа добила порака во која било наведено дека треба да плати казна за сторен сообраќаен прекршок. Во пораката имало линк до веб-страница со насоки за плаќање, а било наведено и дека доколку ги следи упатствата ќе може да плати само половина од износот на казната.

Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добивала известувања за неуспешно плаќање. Подоцна забележала дека од нејзината сметка биле повлечени 16.592 денари.

Случајот бил пријавен на 7 мај во 16:00 часот во СВР Велес, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он