Проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, што се спроведуваше годинава во Скопје, Битола и Штип, денеска ќе биде заокружен со завршна конференција.
Програмата на проектот спроведуван од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка, беше наменета за подготовка и унапредување на компетентноста на жените самохрани мајки на пазарот на труд.