„Маршот за воздух“ по втор пат ниѕ улиците на Скопје, организиран од триесетина граѓански иницијативи кои се борат против загадувањето. Ниската температура не ги спречи граѓаните да дојдат пред Министерството за животна средина од каде демонстрантите се упатија кон Собранието, а потоа пред Владата.
Аријанит Џафети од Еко герила Тетово кажа дека протестите ќе продолжат се до исполнувањето нивите барања за чиста животна средина.
Душко Груевски од иницијативата „Битола сака воздух“ вели дека не очекува Владата да ги исполни нивните барања, бидејќи како што вели “на Владата поважни и се интересите на олигарсите отколку на граѓаните.
„Се бориме за својот живот низ цела држава, против каменоломите над нашите глави чија прашина нè гуши, постојаните експлозии ни ги ронат домовите, против рудниците чии вековни отрови ќе останат да стојат над нашите земјоделски полиња, домови, против малите хидроцентрали кои ни ги земаат нашите реки “ – пишуваше во најавата за Маршот.
Една од организаторките на Маршот вели дека посетеноста на денешниот протестен марш е одлична.
Маршот се случува во пресрет на усвојувањето на предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година кое треба да се случи в понеделник.
Марш за воздух се одржа и минатиот месец, кога граѓаните исто така присуствуваа во голем број.