Дваесеттина коњаници од Горно Лисиче денеска го почнаа 39. „Илинденски марш 2017“ кој треба да заврши на 2 август во Крушево. Маршот почна попладнево од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
Коњаниците по пристигнувањето во Крушево ќе се приклучат на прославата по повод најголемиот национален празник – Илинден.
Коњичкиот марш го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а традиционален покровител е општина Аеродром.