Попладнево се случила сообраќајка на патот Штип-Кочани, во близина на селото Облешево во која што загинал еден велосипедист откако во него удрил автобус.
Автобусот удрил во велосипедистот С.Т. (1959) од селото Мојанци, Кочани. Тој бил пренесен во општата болница во Кочани, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил транспортиран за Скопје, но по пат починал.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од крим техника и јавен обвинител, а по наредба на обвинителот телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.
Сообраќајот, кој поради несреќата се одвиваше наизменично, по една коловозна лента, сега е нормализиран.