Заев ги прими прваците во џудо – Шерифовски: Младите спортисти најголема афирмација на државата во светот

Од:

Младите спортисти се најголема афирмација на државата во светот, а преку конретни механизми ги подобруваме состојбите во спортот, е истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со џудистите Берна и Еди Шерифовски, кои се државни прваци, кои освоиле значајни успеси на балкански, европски и светски првенства.

Со младите надежни спортисти, братот и сестрата Шерифовски, премиерот Заев разговараше за нивната голема љубов кон овој спорт, кој како што истакнаа ги учи на дисциплина, посветеност и почит кон другите, соопшти владината прес-служба.

– Како Влада на Република Северна Македонија, обезбедуваме неопходна поддршка за остварување квалитетни спортски можности, воведуваме механизми за обезбедување соодветни услови за тренинзи на спортистите, затоа што спортот е сериозна мотивација за младите луѓе. Истовремено, нивните постигнати резултати ни се многу важни, треба да ги подигнеме на пиедестал и да бидат пример за сите млади граѓани, бидејќи нема поголема афирмација на државата од спортот, рече премиерот Заев поздравувајќи ги младите спортисти.

Младите спортисти, се заблагодарија за срдечниот прием кај премиерот Заев и му ги изложија своите планови за во иднина, потенцирајќи дека кога одат на натпревари каде ја претставуваат својата земја се горди, бидејќи ја чувствуваат поддршката од државата зад себе, што им претставува дополнителен мотив за што подостоинствено претставување на нивната татковина и остварување на високи спортски резултати.

Во знак на почит и благодарност, младите спортисти на премиерот Заев му ги подарија своите последни освоени медали за спомен.

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

ВИДЕО: Српска џудистка едвај стои на нозе по десетминутна борба, навивачите се загрижија

Жарко Настоски

Уште еден џудист не сака да се бори против Израелецот Бутбул

Жарко Настоски

Џудист од Алжир се повлече од Олимпијадата, можело да се сретне со израелски противник

Жарко Настоски

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Ана Ололовска

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Ана Ололовска