За неколку дена изврши четири тешки кражби, млад скопјанец ќе оди во притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалаци во вкупна вредност 25.664 денари.

На 23 мај по полноќ исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.

Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Го запре возилото поради дефект, па во него удри автомобил на автопатот Скопје – Куманово

А1он

Уапсена e 24 годишна жена од Крива Паланка – го нападна сопругот со нож

А1он

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он

Син нападна мајка во Гевгелија, а ќерки ги натепаа мајките во Скопје и Кочани

А1он

Син тепаше мајка, татко со закани кон синот, најмногу напади на сопругите – за едно деноноќие 15 пријави за семејно насилство

А1он

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка нападната од сосетките

А1он