Вториот регистриран случај на западно-нилска треска е во Кочани, пациентот се заразил во Тунис

Од:

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец.

Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.

– Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од
Институтот за јавно здравје – Скопје.

Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција.

Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

Би можело да ве интересира

На Инфективната клиника почина пациент со западно нилска треска

А1он

Вкупно 55 случаи на западнонилска треска досега во државата, двајца пациенти се во тешка состојба

Горан Наумовски

Клековски: Мртвиот гавран од Ресен беше заразен со западнонилска треска

Горан Наумовски

Клековски: 21 лице е на лекување од западнонилска треска, се чекаат резултати за уште тројца

Горан Наумовски

Клековски: Потврдени се 44 случаи на западнонилска треска

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он