Вработен во РЕК Осломеј го излажа шефот дека има поставено бомба во термоцентралата

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Б.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на знак за помош и опасност“.

На 5.3.2026, пријавениот – вработен во РЕК Осломеј, на неговиот претпоставен лажно, преку порака на мобилен телефон, му пријавил дека има поставено експлозивна направа во кругот на РЕК Осломеј, по што го напуштил кругот на РЕК Осломеј.

Би можело да ве интересира

Лажна тревога во РЕК Осломеј: Вработен измисли „бомба“ за да си оди порано дома

МВР: Лажна пријава за бомба во зградата на Народна банка на Македонија