Возило излетало од автопатот Скопје-Велес, почина едно лице

Од:

Ноќеска по полноќ на автопатот Скопје – Велес,  К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки  изгубил контрола над возилото и се превртел.

Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Телата на загинатите се дадени на обдукција, се вештачи комбето и доказите пронајдени на местото на несреќата на автопатот Скопје-Велес

Катерина Ѓуровски

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка

Катерина Ѓуровски