Во Тетово е уапсена жена за посредување во проституција

Од:

МВР информира дека вчера во периодот од 12 до 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово поради сомнение за посредување во проституција.

При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“, во 14:00 часот е уапсена Г.Ш.(41) од село Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик.

Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, при што од двајцата се одземени мобилни телефони.

Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он