Во Москва од понеделник во кафулиња и ресторани со ковид-потврда

Од:

Поради зголемениот број случаи на заразени со Ковид-19 во Русија, претседателот Владимир Путин воведе одредба со која им се дозволува на граѓаните на Москва да одат во кафулиња и ресторани само со ковид-потврда, односно доказ дека се вакцинирани или биле заразени.

Одредбата стапува на сила од понеделник.

Досега се издадени 2,5 милиони пропусници на 12 милиони жители, пишува „Блумберг“.

Висок владин службеник информира дека ограничувањето може да важи и за продавниците, местата за забава и јавниот превоз доколку бројот на заразени продолжи да расте.

Русија објави рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во последните пет дена по ред, а во последните 24 часа се пријавени повеќе од 20.000 нови инфекции; најмногу од јануари досега.

Би можело да ве интересира

Во Русија првпат повеќе 100.000 заболени со ковид во еден ден

Путин се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година

Руски политичар примил шест дози ковид вакцини

Од 30 октомври Санкт Петербург се затвора на седум денови

Во Русија над 1000 починати во еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19

Катерина Ѓуровски