Во Миравци асфалтирани три улици

Од:

Високите дневни температури, невообичаени за овој период од годината, овозможија продолжување на летната акција за изградба, реконструкција и санација на локалните патишта, соопштија денеска од општина Гевгелија.

Во гевгелиското село Миравци се реконструираат и асфалтираат улиците „Елена Манчева“ и „Гоце Делчев“, а бетонска подлога доби улицата „Моша Пијаде“, со што е исполнета потребата на жителите од Миравци за подобрување на патната инфраструктура и обновување на истрошените улици и краци.

Од општината најавија дека механизацијата се преселува во соседното село Милетково каде ќе се асфалтираат улици и ќе се санираат улични краци со бетон.

Би можело да ве интересира

Пуштена во употреба реновираната детска градинка во с. Миравци

Наум Локоски