На сцената во НУ Центар за култура во Крива Паланка под покровителство на општината синоќа се одржа првата вечер на 27. издание на фестивалот „Гоце Фест 2016“.
– Четврта година во низа Паланчани имаа можност да проследат една од трите фестивалски вечери на најпознатиот фестивал на нови родољубиви и патриотски песни „Гоце Фест“, изјави Александар Рангелов, директор на Центарот за култура – Крива Паланка.
На првата вечер од фестивалот беа промовирани нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика од богатото историско минато на македонскиот народ.
– Познатите пејачи од нашата фолк-естрада и наши пејачи од дијаспората придонесоа убавото национално чувство да биде присутно во сечие срце, а кино-салата беше исполнета до последно место, рече Рангелов.
Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора „Гоце Делчев“. Традицијата првата фестивалска вечер да се одржува во Крива Паланка почна во 2013 година.