Во ковид центрите во Скопје има 22 нови и вкупно 448 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 448 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за Нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за Неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 27 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.

Би можело да ве интересира

Од 644 тестирани 55 позитивни на Ковид-19, починати нема

Во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие хоспитализирани 26 лица