Во Батинци осветлен патот и изградена пешачка патека

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта постави ново осветлување во должина од 2,2 километри и изгради пешачка патека во селото Батинци.

Со 79 канделабри осветлен е делот на 500 метри од бензиската пумпа во Батинци во правец кон Марков манастир. Покрај ова, поставена е и нова сообраќајна сигнализација во должина од 10 километри.

Инвестицијата е вредна 30 милиони денари, обезбедени преку заем од Светска банка.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски на денешното официјално пуштање во употреба најави осветлување и доизградба и на пешачката патека од Батинци кон Драчево.

– На барање од граѓаните се појави потреба од продолжување на уште еден ипол километар осветлување и пешачка патека од Батинци кон Драчево. Во комуникација со Светска банка ги добивме првите позитивни сигнали и во текот на оваа недела официјално ќе аплицираме.

Очекуваме за два до три месеци да заврши и овој дел од работите, истакна Георгиевски.

Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се работи за значајна инвестиција со која се зголемува безбедноста во сообраќајот и се подобрува животот на жителите на Батинци.

– Со пешачката патека и уличното осветлување се зголемува безбедноста на граѓаните на Батинци, а воедно тие добиваат и подобри услови за живеење и движење покрај патот, нагласи Трајановски.

На официјалното пуштање во употреба присуствуваа и градоначалниците на Кисела Вода и на Батинци, Билјана Беличанец-Алексиќ и Азем Садику.

Јавното претпријатие за државни патишта ги започна градежните работи пред четири месеци.

Би можело да ве интересира

Пукање во Студеничани, еден е тешко ранет, а приведен е напаѓачот

Горан Наумовски

Оружен инцидент во скопско Батинци: Тешко повреден е маж

Приведен криминалец од Батинци, баран со потерница за издржување затворска казна

А1он

Еден починат и тројца повредени по тепачка со пиштоли и ножеви во кафеана во Батинци

А1он

Поднесен Обвинителен акт за обид за убиство во Батинци

Наум Локоски

Жител на село Батинци киднапиран од пред неговиот дом по што се разбудил со повреди

Наум Локоски