Внукот на Ферус Мустафов: Дедо ми е во болница, се бори за својот живот

Од:

По лажните вести дека легендарниот македонски музичар Ферус Мустафов починал, на социјалните мрежи се огласи неговиот внук Ферчо демантирајќи ја информацијата.

Тој потврди дека неговиот дедо бил во болница и дека се бори за живот и им се заблагодари на сите за поддршката.

„До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот. Да се помолиме за негово здравје! Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието “, напиша Ферчо Мустафов на својот Фејсбук профил.

Засега нема детални информации за неговата здравствена состојба.

Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип. Зад себе има импресивна музичка кариера и бројни настапи во Македонија и ширум светот.

Би можело да ве интересира

„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе“: Уметниците и фановите се простуваат од кралот на ромската музика

A1on

Почина Ферус Мустафов

A1on