ВМРО НП: ВМРО-ДПМНЕ го загрозува македонскиот идентитет преку брутална србизација

Од:

ВМРО-Народна партија со големо внимание ја анализира информативно – културната медиумска програма која неколку години наназад ја пласираат медиумите кои се под директна контрола на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Ја известуваат македонската јавност дека:

ВМРО-Народна партија ја ОБВИНУВА владеачката ВМРО-ДПМНЕ дека во континуитет продолжува да го загрозува идентитетот на македонскиот народ преку масовна и брутална србизација, користејќи ги медиумите кои се под нејзина контрола. Хистеричната пропаганда од страна на овие медиуми, целосно ги потисна македонскиот јазик, музика и култура, и отвори простор за непречено навлегување на се што е великосрпство, а е директно насочено против македонскиот идентитет. Сето ова оди во прилог на прикриените намери на ВМРО-ДМПНЕ, со помош на менторската улога на братска Србија, да се оддалечиме од ЕУ и НАТО, каде што е единственото место што гарантира наш опстанок и да не фрли во бездната на опасните, но за среќа неостварливите идеи за Македонија, како дел од Голема Србија.
ВМРО-Народна партија неможе да најде пример во современиот свет, каде што партија со демохристијански предзнак, така сурово и безмилосно да го разорува и уништува идентитетот на народот кој го претставува, како што тоа го прави денешнава владеачка ВМРО-ДПМНЕ.
Од тука ако оваа жестока медиумска асимилаторска и самонегирачка политика, ја ставиме во контекст на политиката во битката за измислениот проблем со идентитетот со соседна Грција и се повеќе заострените односи со соседна Бугарија, за нас е комплетно јасно што е целта на таа политика.
Со ова, големите приказни дека ВМРО-ДПМНЕ го брани идентитетот, паднаа во вода. Целта е јасна, што подалеку од Европската Унија и НАТО, толку поблиску до Србија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ