По повод реакцијата на господинот Ѓорге Иванов, ВМРО-Народна партија му порачува слободно нека отпочнува какви сака процеси затоа што постојат многу новинари но и јавни политички личности кои ги убедувал во тие негови ставови изнесени во нашето претходно соопштение, велат од ВМРО-НП.
Исто така ке му ги посочиме и луѓето преку кои лобирал за неговиот брат кој бил мобилизиран, преку врски да биде повлечен додека вистинските бранители гинеа.
Улогата на господинот Ѓорге Иванов во кризата 2001 година на нас во ВМРО-Народна партија ни е многу добро позната а тој својот патриотизам нека го објаснува на денешните вмровци во ДПМНЕ.