ВМРО-НП: Пред општина Центар имаше партиски протест организиран телефонски

Од:

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА е згрозена од начинот на кој што ДПМНЕ ги користи своите партиски активисти во инструирани протести пред општината Центар во врска со наводното стопирање на градбата на црквата Св. Константин и Елена, реагираат од партијата.

Имено, се вели во реакцијата, ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА располага со информации дека зад превезот на верници кои спонтано се собираат пред општина Центар всушност се работи за партиски членови на ДПМНЕ кои телефонски се контактирани од партиските штабови на ДПМНЕ при што им се дадени насоки за водење на овие протести.

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА остро се спротивставува на ваквиот начин на узурпирање на политичкиот простор на македонската политичка сцена, а воедно и грубата злоупотреба на христијанството во политички цели преку МПЦ која претставува само алатка во рацете на ДПМНЕ за остварување на политички интереси.

Затоа ја повикуваме МПЦ-ОА јавно да се огласи и да ги осуди овие протести бидејќи во суштината на истите не се споделуваат христијанските вредности. Обидот за јавен линч, насилство и извикувањето на погрдни зборови не се одлика на христијанската религија.

Доколку МПЦ-ОА јавно не ги осуди горенаведените настани остануваме на нашата констатација дека за жал и црквата тотално ја загубила својата автономија и е само инструмент на владеачката гарнитура.

Конечно, ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА сака да ги извести граѓаните на Р.Македонија дека стопирањето на градежните активности во општина Центар не се однесува на изградбата на црквата Св.Константин и Елена односно во ниту еден момент продолжувањето на изградбата на црковниот храм не беше доведен во прашање или запрен, а таканаречените спонтани протести беа подготвени од страна на ДПМНЕ со цел користејќи ги чувствата на христијанските верници да заработат евтини политички поени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ