ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Од:

ВМРО-Народна партија предлага предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со редовните локални избори, во третата недела од март 2017 година.

Во соопштението во кое се осврнува на годишнината од потпишувањето на Пржинскиот договор, од ВМРО Народна партија посочуваат дека овој термин е оптимален за времето кое им е потребно на политичките партии не само декларативно да се залагаат, туку вистински да ги реализираат поставените задачи од договорот.

Од оваа партија се залагаат земјава да има само една изборна единица со што, како што велат, дефинитивно ќе се создадат услови за спроведување на праведни, фер, демократски и кредибилни избори, признати од меѓународната заедница, што ќе биде можност за широка демократизација на македонското општество.

ВМРО-Народна партија смета дека Пржинскиот договор е единствена можност за излез од длабоката политичка криза во земјава и ги повикува партиите негови потписнички да го искористат политичкиот вакуум за трајно решавање на преземените задачи од договорот, со нов дневен ред кој ќе утврди поединечно прецизни рокови за: целосно прочистување на Избирачкиот список, решавање на правичното медиумско претставување на партиите, одвојување на партијата од државата и отстранување на партиските притисоци во јавната администрација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Каде се ветените проекти на ДПМНЕ?

Емир Латифовиќ