ВМРО-НП: На крај се пак ќе заврши со некаков договор и амнестија

Од:

ВМРО-Народна партија е сериозно загрижена што идејата на нивниот претседател Љубчо Георгиевски за Закон за амнестија, како што вели, беше крајно извртена, извитоперена и погрешно протолкувана од двата политички блока во нашата земја и нивните медиумски структури.

„Со тоа и двете политички сили демонстрираа дека имаат медиуми и аналитичари, кои теснопартски ги гледаат сите идеи и иницијативи и само уште еднаш покажаа дека Македонија е далеку од објективно и независно новинарство. За да нема забуна, предлогот е многу јасен:

За да се скратат тензии и за да се спречи можна ескалација на кризата, во која најголем губитник ќе биде државата, предлагаме Закон за амнестија, со кој ќе бидат амнестирани само делата опфатени од изборните нерегуларности, споменати во објавените прислушувани разговори, како и самиот чин на прислушкување, без разлика кој го нарачал и спровел. ВМРО НП сака да ги потсети оние што ја креираат политичката јавност во Македонија дека сите идеи на Љубчо Георгиевски досега поминале низ три фази:

Прва фаза: „Јас никако не ја прифаѓам таа идеја“,

втора фаза: „Можно е да се размисли за таа идеја“,

трета фаза: „Отсекогаш сум ја поддржувал таа идеја и мислам дека е најдобро решение““, се наведува во реакцијата на ВМРО-НП.

Оттаму повикуваат сите, заради доброто на државата, да се охрабрат и да ги прескокнат првите две фази.

„За да не се губи време и за да не страда Македонија, затоа што и така на крај пак се ќе заврши со некаков договор и амнестија“, додава ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ