ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА ГАЗИ БАБА, изразува длабоко сочуство до семејствата на настраданите жртви во поплавите предизвикани од силното невреме кое го зафати регионот на Скопје, а најпогодени беа населените места на територија на Општина Гази Баба.
Воедно ги повикуваме сите надлежни институции итно да ги употребат сите расположливи ресурси кои им се на располагање и во најкраток можен рок да се започне со давање на сета неопходна помош на настраданите од невремето и веднаш да се пристапи кон нормализирање на состојбата.
За крај поради фактот што сега не е време за политика ги повикуваме сите т.н политичари да се воздржат од маркетиншки активности и прошетки до настрданите места бидејќи ако им беа важни жителите на овој регион многу порано ќе помислеа на истите и ќе придонесоа со совите активности и проекти да не дојде до вакви катастрофални последици.
Затоа потсетуваме дека сега е време за помош на настраданите, а за одговорност ќе зборуваме кога сето ова ќе заврши.