ВМРО-НП: Иванов постхумно додели ордени на бранителите кои во 2001 ги нарекуваше убијци

Од:

ВМРО – Народна партија го поздрави вчерашното постхумно доделување на ордени за храброста на загинатите бранители од страна на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Сепак, од таму потсетуваат дека улогата на актуелниот шеф на државата во времето на воената криза била срамна, затоа што македонските бранители ги нарекувал убијци и криминалци.

– Хипокризијата на оваа власт, менувањето на историјата и подалечна и поблиска, стана секојдневна пракса во нашата држава. Затоа, несмееме да заборавиме дека кога на Македонија и беше најтешко и нашите бранители гинеа во борбата за Македонија, Ѓорѓе Иванов беше главниот организатор на подземната пропаганда во тогашната опозиција. Ѓорѓе Иванов беше главниот креатор на пропагандите од типот дека војната ја договориле Георгиевски и Џафери, дека македонските бранители се крадци и убијци. Тој беше главниот пропагатор да се бојкотира одбраната на Македонија и серија други измислици за кои вистинските учесници во таа криза добро се сеќаваат. Има луѓе кои сè уште добро ја паметат срамната улога на граѓанинот Ѓорѓи Иванов, кој во најтешките денови за Македонија се трудеше да ја претстави негативната улога на македонските бранители – стои во соопштението од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ