На 19.11.2014 година Општина Тетово одбележува 70 години од ослободувањето на град Тетово и големата победа на прогресивните и демократски сили над фашизмот.
Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово поаѓајќи од досегашниот однос на локалните власти во Тетово, а се со цел овој голем јубилеј да биде прославен достоинствено, бараме и ја прашуваме градоначалничката на Општина Тетово г-ѓа Теута Арифи и партиите на власт, ДУИ и ДПМНЕ, дали имаат изготвено програма за достојно чествување на овој светол јубилеј онака како што го прави целиот демократски свет.
За таа цел ОК на ВМРО-НП Тетово е подготвен да даде целосен придонес во комплетната организација.
ОК на ВМРО-НП Тетово се надева дека овој апел ќе вроди со плод и ќе ја поттикне ДПМНЕ и Општинската власт заедно со опозициските партии достојно ги одбележат јубилејните 70 години од ослободувањето на Тетово.