ВМРО-НП ја следи и во континуитет ја анализира демографската состојба во Р.Македонија и истовремено изразува длабока загриженост од катастрофалните резултати и последици од истата.
– Многу често презентирајќи статистички податоци, факти и анализи сме излегувале пред македонската јавност и укажувале на постојаното намалување на бројот на македонското население кое за жал од година во година е се поизразен, информираат од партијата.
Според ВМРО- НП, Законот за трето дете директно инициран и усвоен од ВМРО ДПМНЕ е опасен и катастрофален за иднината на македонскиот народ.
– Со овој закон забрзано и неповратно се менува демографскиот сооднос на директна штета на македонскиот народ, а се стимулира континуиран прираст на останатите етнички заедници. Со ваквата динамика македонскиот народ за многу кратко време ќе стане малцинство во сопствената држава, велат од ВМРО- Народна партија.
Токму затоа ВМРО-НП предлага под итно да се укине Законот за трето дете.