ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Од:

ВМРО-Народна партија е вчудоневидена од податоците што произлегоа со вкрстеното споредување, а во врска со прочистувањето на Избирачкиот список што деновиве го спроведува Државната изборна комисија. Особено, екстремно е загрижувачки податокот за 150.000 до 200.000 лица кои се во Избирачкиот список и во базата на МВР, а не се евидентирани во ниту една друга база на податоци од останатите 10, со кои се прави споредувањето, се вели во партиската реакција.

„ВМРО-Народна партија смета дека ова претставува најдиректно загрозување на основното демократско право на глас, со што лажно се добива претстава за изразената волја на граѓаните на Р.Македонија и како последица доведува до систематско разорување на демократските процеси на државата. ВМРО-Народна партија во оваа прилика сака да истакне дека неколку парламентарни циклуси наназад според сите анкети обезбедувавме учество во Парламентот, а по се изгледа, заради горе наведеното, секогаш ни беше одземена можноста да се стекнеме со статус на парламентарна партија. ВМРО-Народна партија инсистира, да не се одржуваат предвремени Парламентари избори, се додека нема дефинитивно прочистен Избирачки список што е гаранција за одржување на фер и демократски избори. Само со вака пречистен список нашата, a и други партии нема да бидат повторно жртви на изборна измама, што од друга страна ќе значи јасно изразена волја на граѓаните на Р.Македонија за идниот парламентарен состав и секаков друг вид на избори во иднина“, се нагласува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Каде се ветените проекти на ДПМНЕ?

Емир Латифовиќ