ВМРО ДПМНЕ во Музејот на ДУИ

Од:

И Ахмети отвори Музеј. Редно е покрај сеопштиот туризам , зголемен и проширен малку нафилуван, повеќе од званичните информации од државниот Завод за статистика, ете и ВМРО ДПМНЕ да ги упатат бесплатните автобуси во  посета на Музејот во Слупчане.

Редно е да ги посетат сите музеи на територијата на унитарна Македонија, без нивните пародии за тоа „ отаде Групчин“.

Поубаво е да појдат на посета во тој Музеј, отколку Али Ахмети да ги стави таму да бидат експонати.

За освета,  опнавме еден машала бајрак на Деве Баир. Бате Бојко да го види дури од Софија и на Тате да му кажи од мака шо ашлаци имало на нивната западна граница.

И бидна,  тројка величенствени добијагремани за амбасадори некаде. Ова се ептен непристојни агремани за Македонија ама повеќе од ужасни за СДСМ.

Од денес натаму нека има некој гз во СДСМ кога се во прашање кадровски решенија во СДСМ да објаснува дека е некој млад,  па неискусен,  па носел фармерки па немал чколија, …да попричека малку оти имало време.Ма немој!

Е ,многу ми е кеиф.Со овој потег им се става крај на реакционерите во СДСМ, секој има право се да биде кога можат ваквите да бидат…

Името ќе дојде и ќе помине.Референдум ќе има но ќе има и Парламентарни избори.

Веќе е јасно  дека нема да бидат со локалните,  туку нешто понатаму.

СДСМ само што заврши со избор на кандидати , ВМРО ДПМНЕ како да ја зафатил старата болест на СДСМ.Колку подолго владеаат се повеќе внатре заличуваат на СДСМ-Одамнешна.

Дури би рекол дека СДСМ ги надмина тие болести и веќе некако се исправа , а ВМРО ДПМНЕ тоне,  и е во кулминација на болеста.

Ќе пресечел овој оној ,а како ќе пресече кога сите си имаат аспирации.

Во  ВМРО ДПМНЕ, сакале да признаат или не има   4-5 лоби групи. Си имаат секој коњи за трка , територијата е поделена, парите секако.

Што е за амбасадор , сиктер , што е за подома , градоначалник ,а другите ајде на референдум и Парламентарни.Што значи за некој дека ако се кандидати за градоначалници нема да бидат кандидати за пратеници?!

У ,овде ќе има плачење. Многу сити усти повеќе можат да изедат од гладни усти е стара Индиска поговорка, ВМРО ДПМНЕ треба секој ден да си ја повторува.

Жалам само за некои  јуниори на ВМРО ДПМНЕ , би биле многу подобри амбасадори од ударнава тројка на Централниот комитет.

И за нив има време , демек како што  во СДСМ имаше време за некои. Исто оправдување исти шаблони. Полека ВМРО ДПМНЕ ја зафаќа  поранешната болест на СДСМ. Седумте години на власт и паѓање  од власта не носи брзо враќање на политичка сцена.

Бродот е претоварен , може највештите да почнат да го напуштаат.

Како се доближуваат Локални избори станува извесно дека ВМРО ДПМНЕ во 2013 нешто ќе почне да трокира.Со задоволство чекаме листи на амбасадори,кандидати за градоначалници ,  пратеници.

Сите во раце сметалката, за кожата се работи , кој знае знае. кој незнае може да остане на ветрометина.

Али Ахмети ќе го пофалам. Ептен бил за Гоце Делчев ,а против Црна Рака.
Најдобар негов говор од 2006.Верувам дека му поминала мрзата.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска