А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО ДПМНЕ- ДФ: Зошто претседателот на државата е надвор од разговорите за името

by А1он16/05/2018 - 09:52273
Share0

„Во пресрет на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас наместо папагалското повторување и барање за одржување на лидерска средба, ВМРО ДПМНЕ – Демократската фракција смета дека наместо средба на „четирите поглавици” под итно треба да се свика Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на која Министерот за надворешни работи ќе ги информира претставниците на највисокиот законодавен дом за текот на преговорите со нашиот јужен сосед.

Добивај вести на вибер

Сакаме да ја информираме јавноста дека согласно член 91 од Уставот на РМ, Законот за Влада, Законот за надворешни работи и Законот за склучување на меѓународни договори, Владата на РМ нема надлежност да иницира склучување на меѓународен договор за прашањето за името, па оттука потребно е премиерот Заев јавно да ја објасни својата „креативна” улога во процесот на разговори и намерата да склучи меѓународен договор со премиерот Ципрас.

Граѓаните на Република Македонија мора да добијат јасен одговор од главниот преговарач и неговиот наредбодавач, зошто е нарушена постапката за начинот и форматот на водење на разговорите и зошто Претседателот на државата е надвор од разговорите?

Исто така јавноста мора да биде запознаена за тоа кои личностите му даваат писмени и усмени инструкции на Министерот за надворешни работи на РМ за водење на разговорите како и да знае дали за содржината на досегашните средби и разговори се води архивско досие. Ова го бараме поради фактот што не се работи за приватни средби и разговори туку за разговори и средби кои се однесуваат на иднината на нашата државата.

Сакаме јавно да го потсетиме премиерот Заев на гаранциите кои му ги даде на претседателот на државата пред да ја добие номинацијата за мандатар на Владата на РМ, посебно на точката 4 која гласи: „Гарантираме дека процесот на носење одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава”. И затоа ниту еден документ, договор, платформа, декларација, акт или дејствие кои се спротивни на македонскиот Устав како и на четирите точки од гаранцијата не можат да бидат услов, ниту основа за дејствување на Владата на Република Македонија, а поготово не на премиерот на Владата на РМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

demokratska frakcija na vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ – Демократска Фракција: Срамната глума на самоумислените „цареви“ Заев и Ахмети

Ана Ололовска28/02/2019 - 09:36

Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на Силјановска и маргинализирање на поддршката од ВМРО ДПМНЕ

Ана Ололовска26/02/2019 - 10:59

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ: Честитики за испиленото кукавичко јајце во ВМРО ДПМНЕ

Ана Ололовска18/02/2019 - 10:01

ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Дали е на повидок конечно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска01/02/2019 - 09:25

ВМРО ДПМНЕ-Демократска Фракција: Престанете со понатамошно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска27/12/2018 - 09:58

ВМРО ДПМНЕ – ДФ: Доста ни е од игри и манипулаци, сакаме кривична и морална одговорност

Ана Ололовска14/11/2018 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен