Владина делегација предводена од Царовска на одбележување на 57-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Од:

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, а во чиј состав беа и министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денес, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година.

Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтерова сеизмичка скала (9 степени по Меркалиевата скала), во 5:17 часот на 26 јули 1963 година. Овој земјотрес, кој траеше 20 секунди, однесе 1070 човечки животи, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади Скопјани останаа без покрив на главата.

Главниот град на Република Северна Македонија, по земјотресот, стана симбол на солидарноста во светот. Во процесот на обнова на Скопје, точно 87 нации од светот испратиле помош со која придонеле тој да се изгради повторно, а поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Почит кон загинатите лица во земјотресот одадоа и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, делегации од Собранието и Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, претставници на Армијата, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во нашата земја и семејствата на жртвите, се вели во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: На овој ден да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани

Ана Ололовска

Черних: Периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје е 500 години

Ана Ололовска

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот

Ана Ололовска

Светски архитекти во октомври ќе учествуваат на „Проект Скопје“

Ана Ололовска

Шилегов: Мора да го сакаме Скопје, зашто е наша голема заедничка куќа

Ана Ололовска

Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото

Ана Ололовска