Вечерва, во организација на општина Центар, гостува една од најголемите ѕвезди на светската денс сцена, Стив Аоки.
Улица Македонија вечерва ќе биде во знакот на музиката, забавата, насмевките, и ќе биде центар на незаборавна забава. На најлудата журка, добредојдени се сите, а дрес-кодот е во црвено бели бои, боите на општина Центар.
Стив Аоки , американскиот електро хаус диџеј и продуцент, е на десеттото место на листата на топ 100 на DJ Mag.
Прогласен е за најдобар DJ за 2015 во САД.
Има издадено 5 албуми, а еден од нив, “Земјата на чудата”, беше номиниран за Греми.